Старец ја замолил келнерката да му ја исече храната: Не ни претпоставувала дека потоа ќе се случи нешто кое ќе и го промени животот

Еден мал чин на љубезност на една келнерка во Тексас и донел 16.000 долари.
18-годишната Евони Вилиамс работи во ресторан каде пред неколку дена еден старец ја замолил да му ја исече храната бидејќи му се тресат рацете.
Девојката се согласила и му помогнала, а некој од гостите ја сликал и фотката ја споделил на социјалните мрежи.

Сликата станала вирален хит, и ја споделиле илијадници луѓе. Сите се заинтересирале за младата келнерка, а потоа се дознало дака работи за да собере пари за студирање.
И ги добила парите. Texas Southern University ја наградил девојката со 16 илјади долари стипендија која ќе и помогне да го заврши факултетот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.