Ви го откриваме наједноставниот рецепт за подготовка на компот од праска што му успева на секого, дури и почетници во подготовките за зима.
Покрај подготовка на џемови и замрзнато овошје, овошјето за зимски денови може да се чува во форма на компот – кога ви треба дополнителна доза на витамини.
Сè што треба да го подготвите компот се 3 кг праски, 6 лажички шеќер за 1 тегла од 750 гр и вода.
Прво измијте ги праските, излупете ги и извадете ги семките. Ако тие се големи, исечете ги на четвртини, а потоа наредете ги во чисти тегли.
Додадете шеќер – 6 лажици за секоја тегла од 750 гр.
Истурете ладна вода, така што ќе го покрива овошјето и затворете ги теглите. Платнена крпа ставете на дното на тенџерето и наредете ги теглите, но внимавајте да не се допиратаат.
Истурете вода, така што ќе ги покрива најмалку 1 см. Кога ќе зоврие, варете 5 минути, а потоа внимателно извадете ги и оставете ги да се изладат.
Шеќерот што останува на дното постепено ќе се стопи. Од оваа количина може да наполните 6 тегли од 750 гр.
Пронајдете не на следниве мрежи: