четврток, 12 ноември 2026
Најново

Стармер: Со Франција и Украина работиме на план за прекин на огнот, ќе им го претставиме на САД

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Британскиот премиер Кир Стармер денеска изјави дека Велика Британија, Франција и Украина се договориле да работат на планот за прекин на огнот што ќе им биде претставен на САД.Стармер, кој денеска е домаќин на самитот на европските лидери во Лондон посветен на Украина, рече дека идејата за овој план се создала по жестоката расправа меѓу американскиот и украинскиот претседател Доналд Трамп и Володимир Зеленски во Овалната соба.Британскиот премиер изјави за Би-Би-Си дека верува оти Трамп сака траен мир во Украина и го повтори ставот дека ќе бидат потребни американски безбедносни гаранции за постигнување траен мир.

Поврзани вести