четврток, 12 ноември 2026
Најново

Стармер: Трамп не се согласува со нашата одлука да не се вклучуваме во нападите, но моја должност е да проценам што е во британски национален интерес

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Британскиот премиер Кир Стармер го бранеше пристапот на Лондон кон ситуацијата на Блискиот Исток, отфрлајќи ги критиките од американскиот претседател Доналд Трамп дека Велика Британија не се придружила на нападите врз Иран.

Лабуристичкиот премиер нагласи дека неговите одлуки биле водени од законот и „националниот интерес“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во обраќањето пред Парламентот, Стармер рече дека им овозможил вчера на американските сили „ограничена употреба на британските воени бази откако Британците беа цел на непромислени ирански напади со беспилотни летала и ракети“.

Стармер останува зад одлуката на Велика Британија да не се придружи на нападите врз Иран што завчера ги почнаа Израел и САД.

– Ние не учествувавме во првите напади врз Иран и нема сега да се придружиме на офанзивните акции. Но, соочени со баражот од ракети и беспилотни летала на Иран, ние ќе ги заштитиме нашите луѓе во регионот. Претседателот Трамп не се согласува со нашата одлука да не се вклучуваме во нападите, но моја должност е да проценам што е во британски национален интерес. Тоа и го направив и стојам зад тоа, им рече Стармер на пратениците.

Поврзани вести