Во организација на Фудбалската федерација на Македонија и УЕФА во следните два дена во Скопје ќе се одржува регионалниот семинар „Integrity Officers“, на кој главен акцент ќе биде ставен врз превенција и детектирање на местењето натпревари.„Чест ми е што ние сме први домаќини на еден ваков семинар со кој се отвора вака значајна тема во светот на фудбалот. Ние во ФФМ сме задоволни што кај нас државата ги активира своите механизми во борбата против местењето на натпревари, донесен е закон, а предвидени се затворски казни од пет до 10 години“, рече првиот човек на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски.„УЕФА сериозно пристапи кон решавање на овој проблем. Ние сме подготвени целосно да им помогнеме на националните федерации, како би му се застанало на патот на ова зло“, истакна н отворањето претставникот на УЕФА Урс Клусер.
МакфаксВо организација на Фудбалската федерација на Македонија и УЕФА во следните два дена во Скопје ќе се одржува регионални