четврток, 12 ноември 2026
Најново

Стартува забраната за бесплатни пластични кеси

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Од денеска стапува на сила обврската за наплата на кесите за носење стоки. Пластичните кеси ќе чинат 15 денари за парче.
Новините произлегуваат од новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување.
Како што неодамна најавија од Владата, целта на овој Закон е да ги одврати корисниците од употреба на кеси за еднократна употреба и да ја стимулира употребата на торби за повеќекратна употреба.
Законот како што појаснија надлежните предвидува забрана за употребата на пластични кеси на пазарот во земјава, забрана за пуштање на пластично пакување за еднократна употреба во угостителските објекти на територијата на заштитените подрачја во државата, дозволена употреба на биоразградливи кеси за носење на стоки, кои се произведени согласно пропишаните стандарди за биоразградливост, надоместокот за употреба на биоразградливите кеси за носење на стоки ќе изнесува 15 денари за парче, беше појаснето од Владата.
Според законот, производителите на пластични кеси и понатаму можат да продолжат со работа, но со почитување на пропишаниот стандард за биоразградливост.
Производителите на кеси реагираат дека мерката може да им нанесе штета и да ги затвори нивните капацитети. Надлежните пак од друга страна потсетуваат дека две години се работело на промените и дека засегнатите страни имале доволно време за да се преориентираат кон производство на биоразградливи кеси.

Поврзани вести