четврток, 12 ноември 2026
Најново

Стајлинг од милион долари: Предизвика љубомора со својот изглед – блесна во ангелски фустан (ФОТО)

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите.

На 16-тото годишно доделување на Governers awards, кое се одржува во престижната сала „Реј Долби“ во Лос Анџелес, Ања ги привлече сите погледи во прекрасен снежнобел фустан кој блескаше во секоја светлина.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Позната по својот беспрекорен стил, актерката блескаше на црвениот тепих, оставајќи силен впечаток со секој чекор. Фустанот, кој совршено ја истакнуваше нејзината витка фигура, а воедно зрачеше со елеганција, стана вистински хит меѓу присутните поради проѕирниот материјал под кој имаше корсет во боја на кожа.

Ѓердан со дијаманти и обетки ја надополнуваа целата комбинација. Нејзиниот избор го одразуваше сексапилот и елеганцијата што стана заштитен знак на актерката.