Стефановски: Патот до мир е поплочен со нуклеарна закана

Ревидирањето на руската нуклеарна доктрина, односно Москва го приспособува прагот за употреба на нуклеарно оружје во пресрет на неофицијалната одлука за употреба на деструктивно ракетно оружје со долг домет кој може да ја измести длабинската стратешка преднос на Русија.
Она што загрижува е амплитудата на одлуката која ја разнишува целата атмосфера на можен прекин на огнот и постигнување каков таков мир.
Оваа одлука, а и употреба на ракетите со долг домет ја компромитира барем на краток рок можноста за мир, односно атмосфера креирана после победата на Доналд Трамп.
Познато е дека пред постигнување на мир, кулминацијата на војната заради постигнување на подобри преговарачки позиции е најжестока, но во овој случај употребата на нуклеарно оружје е против секој разум.
Формално Бајден иако без политички легитимитет (институционален секако да) непотребно во овој момент го направи тој потег, односно ќе биде запамтен како човек кој долеал масло на огнот.
Во суштина употребата на овие ракети нема стратешки да влијаат на состојбата на терен, и е сосема непотребна во воена смисла, бидејќи во последните неколку месеци Русија за воља на вистината направи значаен продор на фронтот и приграби нови територии.
Во меѓувреме се градат претпоставки дека военото крили во кабинетот на Бајден сака преку провокации и реакција на Русија, да се изгради атмосфера на нестабилност и преку воена или вондредна состојба во САД да продолжи мандатот на Бајден (уставот тоа го дозволува) и војната жестоко да продолжи.
Секако тоа е ризик на можни граѓански судири и војни бидејќи американците гласаа за подобра економија и за формулата за мир во светот. И, не смее да биде суспендирана демократијата.
Она за кое Александар Вучиќ говори, а дел и од скандинавските земји за преипрема во градење и реновирање на капацитети за цивилна одбрана е во рамките на ефектите на информациона војна. Таму има протести за несреќата во Нови Сад и дефокус добро би му дошло. Путин најдобро го познава самиот Владимир Путин. Вучиќ ја има улогата на ”страшило” од одредени центри на моќ кои имаат и своја улога од психолошко пропагандна пригода. Вучиќ не беше на последниот самит на БРИКС, па можеби Вулин му помогнал во градењето на психолошкиот профил на Владимир Путин.
Во однос на Македонија, ниту ние ниту светот е доволно или целосно неподготвен за деструктивните последици од нуклеарен конфликт.
Сепак мислам дека нема да дојде до тоа. Оваа атмосфера наликува на Кубанската криза во 1962 година кога светот беше на работ на нуклеарен конфликт, но сепак од причини како што е опстанок на човештвото, не дојде до тоа. Денес светот е сосема поразличен

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.