Стефан Требст: Ванчо Михајлов не ја исполнил задачата на Хитлер

Кој беше лидерот на терористичката ВМРО? И во Бугарија и во Македонија се пренебрегнува со определена цел фактот дека Иван Михајлов порачал стотици политички убиства.

Кој е Ванчо Михајлов??

На Балканот тој е познат и како нарачател на многубројни политички убиства на македонски и на бугарски дејци, како и на југословенски политичари и заедно со Анте Павелиќ и тој е автор на атентатот во Марсеј во 1934 година

Атентатите како најпогодна алатка за преземање на ВМРО:

Во 1928 година, Михајлов го порачува убиството на својот колега и противник во Централниот комитет – генерал Протогеров, по што ги поставува во раководството на ВМРО двајцата негови најблиски луѓе – Страхил Развигоров и Иван Караџов и така практично ја презема контролата над организацијата.
Стефан Требст: Ванчо Михајлов не ја исполнил задачата на Хитлер / на илустрацијата Ванчо Михајлов со Анте Павелич

Во центарот на Софија, во Борисовата градина во 1990-те години, беше подигната спомен-биста на маж на средна возраст во паравоена униформа. Се однесува на Иван Михајлов (1896-1990), лидер на (ВМРО) од 1928 до 1934 година, сојузник на Мусолини, Хитлер и на усташката Независна Држава Хрватска. На Балканот тој е познат и како нарачател на многубројни политички убиства на македонски и на бугарски дејци, како и на југословенски политичари и заедно со Анте Павелиќ и тој е автор на атентатот во Марсеј во 1934 година. И покрај тоа, по 1945 година, против него не само што не е поведена судска постапка, туку тој дури и денес е непознат во Европа.

Неоспорен факт е дека во Европа во периодот меѓу двете светски војни, меѓу национално-револуционерните движења, кои си поставуваа за цел преразгледување на Версајскиот договор, воено најспособна и за тоа најопасна и ултимативно најефикасна е ВМРО. Нејзината краткорочна цел е присоединувањето на Вардарска Македонија, која што од 1918 година е дел на Југославија, кон Бугарија, а подалечна – обединување на сите делови кои припаѓаат на историската територија на Македонија, во една Голема Македонија, на која главен град би бил Солун. ВМРО се бори против новата југословенска држава од бугарската и од албанската територија, кога секоја пролет преку границата преминуваат меѓу 1.000 и 2.000 илјади униформирани четници. По 1922 година ВМРО формира држава во држава на територијата на југозападна Бугарија – во Петричкиот крај. Тоа станува со согласност на власта во Софија, и покрај нејзините „шкртања со заби“. Таа држава во држава располага со самостоен даночен, полициски и правен систем, одделни печатени медиуми и банки. Освен тоа, ВМРО има и сопствена фракција во бугарскиот парламент. Нејзиниот голем дипломатски апарат соработува со Турција и со Унгарија, склучува сојузи со СССР и со Италија. Само Вермахтова Германија откажува соработка со ВМРО – макар што и таму голем број политичари, дипломати, претприемачи, интелектуалци и новинари се големи симпатизери на организацијата.

Во 1927 година во раководството на ВМРО се јавуваат различни погледи во однос на тактиката на организацијата. Интензивната партизанска борба е заменета со принципот на терористичка дејност: кон познати југословенски лидери се насочуваат тројки или петорки на атентатори; кон претставници на новиот европски повоен поредок се подготвуваат самоубиствени атентати; а против дисиденти во сопствените редици се изрекуваат смртни пресуди. Во 1928 година таа нова тактика доведува до остар внатрешен конфликт, кој ја поделува организацијата на две крила, кои влегуваат во масовно братоубиство. Движечка сила на тој нов развој во ВМРО е Иван Михајлов, познат уште по псевдонимот „Ратко Дејанов“.

ТЕКСТОТ ЗА ВАНЧО МИХАЈЛОВ ПРОДОЛЖУВА ПОДОЛУ НА СТРАНАТА 2 ⬇⬇⬇

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.