Стефан Требст: Ванчо Михајлов не ја исполнил задачата на Хитлер

Испраќањето на искусниот атентатор на ВМРО, Владо Черноземски, е резултат на тесната соработка на Михајлов со хрватските усташи на Анте Павели против Југославија. Павелиќ е иницијатор на планот за атентатот и тој ги оценува реално професионалните можности на своите луѓе, т.е. ниско – затоа го моли Михајлов за помош. Откако нервите на тројцата хрватски стрелци на пристаништето во Марсеј не издржуваат, Черноземски ја исполнува успешно задачата што му е дадена од Михајлов. Имено, атентатот во Марсеј ја испровоцира Лигата на народите да се обиде преку Женевската конвенција да го спречува и казнува тероризмот, да ја мобилизира меѓународната јавност за спротивставување против организираниот тероризам и да ја вклучи борбата против него во меѓународното право.

Треба да се одбележи дека Михајлов, кој го прекинал студирањето право во Софија, нема искуство во партизанската борба и никогаш не влегувал во „внатрешноста“ на Македонија. (оттука и буквата „В“ во името на организацијата), т.е. во бојното поле на самиот југ на Југославија. Тој се обидува да го надмине тој недостиг, кој влијаел негативно на неговата позиција во организацијата, целосно ориентирана кон култот на хероизмот и на мачеништвото, оженувајќи се со една популарна терористка на ВМРО.

Величко Димитров Керин, повеќе познат под својот псевдоним Владо Черноземски — македонски[1] револуционер и терорист од Бугарија, учесник во македонското револуционерно движење во првата половина на XX век, деец на Внатрешната македонска револуционерна организација.
Черноземски е познат атентатор, приврзаник на терористичката тактика, која била карактеристична во овој период за Организацијата. Останува запаметен во историјата како атентатор на кралот на Југославија, Александар I Караѓорѓевиќ во 1934 година.
Помеѓу неговите жртви се Димо Хаџи Димов и Наум Томалевски. Познат е и по псевдонимот Владо Шоферот, како и Петар Келеман, името со кое престојувал во Марсеј.

Во 1926 година тој склучува брак со Менча Крничева која во 1925 година, по лична наредба на Михајлов, го изврши прославениот атентат против македонскиот политички деец во прогонство, Тодор Паница, во виенскиот „Бургтеатар“, за време на претставата „Пер Гинт“ од Ибзен. По пресудата, австрискиот суд ја ослободува Карничева поради здравствени причини.

За време на четиригодишното прогонство во Турција, кога Михајлов и Крничева се интернирани најпрво во северна Анадолија, а потоа на осторвот Бујук Ада близу до Истанбул, тие се обидуваат без успех да добијат визи за САД.

Таму во составот на „Македонската патриотска организација“ во САД и Канада (МПО) со седиште во Форт Вејн, Индијана, ВМРО располага со густа мрежа од поддржувачи. Но, дури и Швајцарија, Романија и Велика Британија, како и бившиот сојузник на ВМРО – Италија на Мусолини, не сакаат да ја примат двојката терористи. Едвам во 1938 година, Полска им дозволува на двајцата да влезат на нејзина територија, но под услов да се воздржуваат од секаков вид политичка дејност.

Михајлов и неговата сопруга добиваат визи на лична иницијатива на полскиот амбасадор во Софија – Адам Тарновски, кој уште во времето на Првата светска војна е дипломатски претставник на Австро-Унгарија во бугарскиот главен град и одржувал тесни врски со ВМРО. И покрај тоа што Варшава ги анулира визите поради бурни протести во Белград, турските власти го натоваруваат семејството Михајлов на полскиот трговски брод „Левант“ кој бил укотвен во пристаништето во Измир. По долга одисеја низ Средоземното Море, на 23 септември 1938 година, бродот најпосле пристигнал во Гдањск со своите немили и несакани патници.

И покрај тоа што Михајлов се населува во една глува провинција на Полска, тој има можност, како и пред тоа во Турција, да одржува тесни контакти со своите приврзаници во Бугарија и во Северна Америка.

ТЕКСТОТ ЗА ВАНЧО МИХАЈЛОВ ПРОДОЛЖУВА ПОДОЛУ НА СТРАНАТА 4 ⬇⬇⬇

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.