Стефан Требст: Ванчо Михајлов не ја исполнил задачата на Хитлер

По влегувањето на Вермахтот во Варшава во септември 1939 година, Михајлов и неговата жена, која говори добро германски, се поврзуваат со Гестапо. Потоа тие се населуваат во Рајхот – колку долго, останува неизвесно. Таму тие се населуваат во привремено живеалиште во Берлин, во населбата Нојкелн, каде што му се непосредни соседи на Анте Павелиќ и на неговото опкружување. Не е јасно какви контакти поддржувал Михајлов во германскиот главен град со национал-социјалистичката власт – во архивите на Третиот рајх досега не е најдена информација по тоа прашање. Веројатно, во пролетта 1940 година, Михајлов се преселува во Будимпешта. Таму тој ја разгледува можноста со германски и со италијански претставници за формирање македонска држава, додека Третиот рајх, како и фашистичка Италија се занимаваат со новата територијална поделба на југоисточна Европа. Влијанието на Михајлов врз преживеаните структури на ВМРО во Бугарија реално намалува многу видно во април 1941 година – по повторната окупација на Вардарска Македонија од бугарските војски и востановување на бугарска административна структура. Поголемиот дел од приврзаниците на Михајлов го одобруваат де факто тоа присоединување како „повторно обединување“ на Македонија со „мајка Бугарија“ и прифаќаат функции во окупираната територија. Михајлов, кој непоколебливо ја следи целта – „слободна и независна Македонија“, прифаќа во мај 1941 година да се пресели во Загреб – на покана испратена од неговиот долгогодишен сојузник Павелиќ, којшто во меѓувреме стана водач („поглавник“) на германско-италијанската марионетска држава Независна Држава Хрватска (НДХ). До 1944 година, Михајлов е најважниот надворешно-политички и воено-политички советник на хрватската управа на усташите, како десна рака на Павелиќ.

Од Загреб Михајлов продолжува да оддржува тесни контакти со Рим и со Берлин. Пролетта 1943 година, тој се договара со началниците на италијанската армија за формирање на вмровски одреди кои би ги помогнале италијанските окупаторски сили во северна Грција.

Во октомври 1943 година, непосредно по повлекуваењто на Италијанците од Балканот, по преговорите со рахјсфирерот на СС Хајнрих Химлер, Михајлов договара формирање на силна вмровска заштитна група („Обезбедување“) составена од 12.000 мажи, која би била распоредена во грчки делови на Македонија окупираните од Германците. Меѓутоа, регрутирањето на нејзиниот состав се оддолжува и не ја достигнува договорената моќ. Исто така, останува нереализиран и предлогот на Михајлов даден на Павелиќ за формирање на силна платена армија на ВМРО, која би се борела против различните партизански одреди во босанскиот дел на НДХ.

Меѓутоа, од Бугарија – Цар Борис III, како и власта на военото раководство во државата, гледаат со неспокојство на активностите на Михајлов во Загреб, бидејќи се плашат дека неговиот план да формира „слободна и независна Македонија“ може да успее. И, за да може да биде контролиран, се поништува неговата смртна пресуда и му се предлага да се врати во Бугарија и да заземе раководно место во Вардарска Македонија.

На изненадување на Софија и на неговите најблиски соработници, Михајлов категорично го отфрла предлогот. Поповолна е неговата реакција кон предлогот на германскиот министер за надворершни работи, Јоахим фон Рибентроп да биде претседател на една македонска држава под покровителство на Третиот рајх.

На 1 септември 1944 година, Хитлер издава „фирерска заповед“ за брзо прогласување и формирање на слична таква држава. Така, поради Црвената армија која секавично навлегува на Балканот, треба да се гарантира повлекувањето на Вермахтот од Грција.

Михајлов го задржува правото да даде конечен одговор на германскиот предлог, откако ќе направи посета на Скопје.

На 3 септември 1944 година тој пристигнува со германски воен авион од Загреб во Софија каде ја разгледува ситуацијата со останатите свои соработници.

На 5 септември човекот за врска меѓу Михајлов и СС началникот на Шестата управа (надворешно-политичкото разузнавање) во Главната управа за империска сигурност, СС-бригадфирерот Валтер Шеленберг, му телеграфира на Рибентроп:

ТЕКСТОТ ЗА ВАНЧО МИХАЈЛОВ ПРОДОЛЖУВА ПОДОЛУ НА СТРАНАТА 5 ⬇⬇⬇

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.