Стејт департмент: Америка испраќа оружје во вредност од 275 милиони долари во Украина

Америка денеска објави нов пакет помош од оружје и опрема во вредност од 275 милиони долари за Украина поради рускиот напредок во регионот Харков, соопшти Стејт департментот.

Стејт департментот додава дека пакетот го содржи најнеопходното оружје, вклучувајќи муниција ХИМАРС, куршуми од 155 и 105 мм, проектили, противоклопни системи и прецизна авионска муниција, пренесува Ројтерс.

Американскиот Сенат го одобри претходниот пакет помош на крајот на април, но украинскиот претседател Володимир Зеленски во неколку наврати рече дека помошта не доаѓа доволно брзо и апелираше до сојузниците да го зголемат количеството оружје и противвоздушна одбрана што го испраќаат во Киев. пренесува Танјуг.

Пронајдете не на следниве мрежи: