Стејт департмент: САД не ја охрабруваат Украина да изврши напади против Русија

САД соопштија дека „не ја охрабруваат“ Украина да изврши напади против Русија по нападите со беспилотни летала на неколку руски воздухопловни бази за кои се смета дека дошле од Киев, јави Бета.
Стејт департмент: САД не ја охрабруваат Украина да изврши напади против Русија

„Ние не и помагаме на Украина да организира напади надвор од нејзините граници. Сè што правиме, се што прави светот за да ја поддржи Украина оди во прилог на поддршката за независноста на Украина“, рече портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс.

Тој не ги припиша новите напади со беспилотни летала на Киев, кој не презеде одговорност за нападите. Русија извести дека три лица загинале, а два авиона биле оштетени во еден од тие напади чија цел биле бази на нејзина територија.

„Ние ја снабдуваме Украина со она што треба да се користи на нејзината суверена територија, на украинска територија, за да се соочи со рускиот агресор“, рече Нед Прајс.


Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.