Сте слушнале за трендот на исхрана 16:8 кој е мегапопуларен во цел свет?

Барате нов начин на исхрана што ќе ви даде ефикасни резултати? Можеби ние го имаме вистинското решение. Постојат повеќе верзии на овој начин на исхрана, а најважно е дека навистина делуваат и не за џабе се толку популарни во светот и практикувани од илјадници луѓе.
Со оваа диета се вежба дисциплината, а личноста која се придржува на неа станува свесна за тоа што го јаде и така ги постигнува посакуваните цели.
Сте слушнале за трендот на исхрана „16:8“ кој е популарен во цел свет?
Диетата 16:8 е тренд за слабеење, а се состои од секојдневно постење и умерено уживање во храната. Разни лекари и нутриционисти, па и некои самопрогласени фитнес стручњаци од интернет постојано вадат нови програми на диетата со тврдење дека нивната е најздрава и најефикасна.
Имајте на ум дека не смеете да почнувате ниту еден режим на исхрана без претходно консултирање со лекар, а ако сакате да се потпрете на трендовите изберете го оној кој ви звучи најразумно.


Како се спроведува овој режим?
Концептот е едноставен – секој ден се состои од 24 часа – во текот на 8 часа смеете да јадете умерено и колку што е можно поздрава храна по ваш избор, а останатите 16 часа мора да постите односно да не внесувате никаква храна освен вода, чај или кафе без шеќер.
Можеби ви делува шокантно да бидете 16 часа без храна, но оние кои ја испробале диетата изјавуваат дека не е воопшто тешко. Најголемиот број луѓе што се придржуваат на овој режим на исхрана јадат од 8 до 17 часот или од 10 до 18 часот, што значи дека не јадат само попладне и навечер односно кога спијат. На таков начин ги исфрлаат непотребните грицки и калориите кои би ги внеле со прејадување.
Организмот има безброј придобивки од постењето затоа што се забрзува метаболизмот и се подобруваат органите за варење, а заедно со килограмите се намалува и крвниот притисок.
Ова се најосновните податоци што треба да ги знаете за започнување на овој режим на исхрана, а секако постојат различни варијации и детали кои можете дополнително да ги истражите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.