Стигнаа уште 100.000 вакцини од Синофарм

Солидарноста и помошта тогаш кога е најпотребна, а сега се покажа колку е важна во една ваква голема криза, ја враќаат вербата во човештвото. На кутиите од донацијата пишуваше „Пријателот во неволја е поблизок од брат“ и овој акт го потвдува токму тоа.

Пристигна значајна количина на вакцини која НР Кина ја донира на нашата земја. 100.000 е бројка која за земја со број на население како нашето може значајно да ја смени сликата на пандемијата. Вакцината е единственото оружје кое го имаме за целосно да се смени сликата за пандемијата не само кај нас туку насекаде во светот.

Изразувам голема благодарност, со ова се потврдува партнерството и близината помеѓу двете земји, двата народи и искрено верувам дека соработката ќе продолжи и во иднина – објави Филипче на својот профил на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.