четврток, 12 ноември 2026
Најново

Стопанската комора денес ќе одржи вонредна седница

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија денес ќе одржи вонредна седница за најавеното прогресивно оданочување и ефектот од оваа мерка врз работењето на деловните субјекти. На седницата ќе учествуваат и потпретседателите на Комората, како и министерот за финансии Драган Тевдовски.
Во саботата министерот Тевдовски најави воведување прогресивен данок за приход над 90.000 денари,  а мерката треба да стапи во сила од 2019 година. Со неа, како што истакна Тевдовски,  ќе се постигне т.н. праведно одданочување кое Владата го вети во предизборната програма.
Стопанската комора на Македонија и останатите членки на Платформата за јавно – приватен дијалог (Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанската комора на северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори) вчера предупредија дека не треба да се избрзува со новата мерка затоа што компаниите веќе ги имаат дефинирано финансиските планови за идната година. Потребни се, порачаа коморите, подлабоки анализи кои ќе покажат како прогресивното оданочување ќе влијае врз работењето на бизнисот.

Поврзани вести