СТОПЕТЕ 50 ПРОЦЕНТИ ПОВЕЌЕ КАЛОРИИ: Пет совети за НАЈЛЕСНО слабеење!

За да го користите одењето како добра вежба што ќе ви помогне да изгубите тежина, да изградите мускули и да добиете кондиција, не мора да пешачите со километри секој ден.
1.Одете по угорница
Пронајдете какви било угорнини, скали, закосени терени и ќе потрошите 50 проценти повеќе калории отколку да одите по рамно тло. Ако вежбате на подвижна лента, започнете со наклон од пет степени, а потоа зголемете на 7 или 8 степени, каде што навистина ќе го почувствувате зголемениот интензитет на употреба на мускулите. Ако можете избегнувајте да ги држите парапетките бидејќи во спротивно ќе го намалите ефектот на одење.
2. Зголемете ја брзината на одење
Ако успеете да одите со брзина од околу 126 метри во минута (околу 2 метри во секунда), ќе потрошите ист број на калории на изминат километар како да трчате. Одете во редовни интервали – одете што е можно побрзо од 30 до 60 секунди, а потоа одете со умерена брзина 5 минути. На овој начин ќе спречите замор, а метаболизмот ќе работи побрзо и подолго откако ќе завршите со одењето.


3. Користете ги рацете
Свиткајте ги лактите под агол од 90 степени и мафтајте ги рацете од рамената додека одите. Чувајте го тоа движење кратко – ако ги свртите рацете премногу напред, нема да можете да ги движите доволно брзо за да согорите максимална количина калории.
4. Купете добри патики
За пешачење, најдобро е да изберете чевли во пределот на ѓонот обложен со мека влошка, особено во областа на петицата, што ќе помогне да се омекнат честите удари на земја. Покрај тоа, кога одиме, стапалото се движи како лулка, а тежината од петицата се пренесува преку средината на стапалото до прстите. Ова значи дека најдобрите патики за одење се чиј централен дел е флексибилен и кои овозможуваат такво движење и обезбедуваат поддршка на сводот на стапалото, т.е. ѓонот (делот од стапалото што е рамен кај луѓе со рамни стапала), каде што притисокот врз стапалата при одење е најголем.
5. Користете стапови за одење
Скандинавците одамна знаеја дека стапчињата се многу корисно средство за одење доколку сакаме да ги зајакнеме мускулите и да изгубиме тежина, а тие неизбежно помогнаа во нивното познато нордиско одење. Тие се користат за правење динамични движења напред и назад. Другите минувачи може да ве гледаат зачудено, но вие ќе потрошите 20 до 45 проценти повеќе калории отколку да одите без стапови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.