Страотен пожар во Бангкок, десетици луѓе изгореа во бар

Најмалку 27 луѓе загинаа во голем пожар што зафати бар во главниот град на Тајланд, Бангкок, јавуваат локалните медиуми. Несреќата се случила непосредно по полноќ по локално време, а првите пожарникарски екипи стигнале по само неколку минуту.

Спасувачите затекнале гости како се обидуваат да избегаат низ предната врата. На драматичните снимки објавени на социјалните мрежи се гледа силен пламен како избива од вратата на локалот, додека луѓе, некои и со облека која гори, панично се обидуваат да избегаат.

Премиерот на Тајланд, Анутин Чанвиракул, дојде на местото на трагедијата и изјави дека досега се утврдени 27 жртви, а десетици други луѓе се пренесени во болница. Тој додаде дека причината за пожарот сè уште се утврдува и дека истрагата е во тек.

Пронајдете не на следниве мрежи: