Во страшна експлозија на резервоар за гориво на аеродромот во близина на рускиот град Рјазан, денеска загинаа три лица, а шестмина се повредени, соопшти претставник на итната помош.

Во несреќата е оштетен и авионот, пренесува РИА Новости. Властите ги утврдуваат околностите на инцидентот, додава агенцијата.
Рјазан се наоѓа на околу 200 километри југоисточно од Москва.
Пронајдете не на следниве мрежи:


