СТРАШНА СЦЕНА ВО АНГЛИСКАТА ПРЕМИЕР ЛИГА: Капитенот на Лутон колабира на терен, натпреварот нема да продолжи!

Фудбалерот на Лутон, Том Локер колабира на терен за време на натпреварот со Бурнмаут, од 17.коло во англиската Премиер лига. По страшната сцена на теренот, дуелот е прекинат во 66.минута при резултат 1-1.

Велшкиот фудбалер се сруши на средината на теренот без никаков дуел. Сите фудбалери на теренот притрчаа кон него, на Локер веднаш му беше укажана прва помош, а потоа со брза помош беше изнесен од стадионот, а натпреварот беше прекинат.

Локер, кој е капитен на Лутон итно беше пренесен во болница, а според последните информации кои доаѓаат од Англија играчот е во свесна состојба и се чувствува добро. Тој ќе биде подоложен на дополнителни лекарски прегледи по кои ќе се утврди причината за колабирањето.

Том Локер по втор пат во својата кариера колабира на терен. Претходно тоа беше во плеј-офот на Чемпионшип, по што му беше направена операција на срцето. По рехабилитацијата тој ја продолжи фудбалската кариера.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.