До полициската станица во сараевската населба Илиџа се случил грозоморен чин на насилство, кога маж претепал девојка. Сето ова го снимил еден од станарите на блиската зграда.
Имено, по кратка расправија, еден маж почнал да ја удира девојката. Најпрвин и удрил многу силно шлаканици по што паднала на бетонот, а потоа продолжил да ја удира.
Почитуван господине или госпоѓо, ви испраќам вознемирувачка снимка од маж како тепа жена на 50 метри од полициската станица Илиџа. Жената е позната како некој што прави „проблеми“, но тоа не е оправдување за ваквото однесување, ниту пак некој има право некого толку брутално да тепа – се наведува во пораката, пишува „Црна хроника“.
- Има надлежни институции кои би можеле да се повикаат на овој случај. Не знам што доведе до целата оваа ситуација, но тоа не е оправдување за ваквото однесување! – се додава во пораката.
Според информации, мажот од снимката кој ја претепа девојката е уапсен.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.