недела, 15 ноември 2026
Најново

Лазаров по Хрватска: Им честитав на момците за борбеноста!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Македонија имаше уште една проверка пред Светското првенство (СП) кое ќе се игра овој јануари. Нашиот национален тим даде силен отпор на една од најдобрите селекции во европскиот ракомет Хрватска (25-27), податок кој го радува селекторот Кирил Лазаров.

„Задоволен сум од натпреварот, она кое го сакавме го видовме во Вараждин во еден меч кој се одигра во убава атмосфера. Не ме загрижува поразот. Мислам дека бевме доста добри со добар противник. Имаме уште две подготвителни средби до Светското првенство и мислам дека ќе влеземе спремни на настанот“, изјави Лазаров.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Македонија до стартот на СП 2025 ќе одигра пријателски натпревари против хрватскиот клуб Сесвете, како и против Зеленортските острови.

Поврзани вести