Страшно предупредување од Орбан: Брисел се подготвува за војна со Русија, ова е датумот

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека Брисел се подготвува за војна со Русија и дека веќе постои целен датум за влегување во војната – 2030 година.

Тој на својата Фејсбук страница напиша дека целта на програмата за вооружување иницирана од Брисел е да ја направи Европската Унија подготвена за војна до 2030 година, што е и целниот датум за забрзаната постапка за членство на Украина во ЕУ, пренесува Хирадо.

Темни облаци се собираат на небото над Европа. Брисел се подготвува за војна со Русија, а веќе постои целен датум за влегување во војната: 2030 година”, предупреди Орбан.

Во оваа смисла, тој додаде дека основачкиот договор на ЕУ наведува дека во случај на вооружен напад врз територијата на една од земјите-членки, другите земји-членки се обврзани да ѝ обезбедат на таа држава сета достапна помош, поради што приемот на разорената од војна Украина во ЕУ би резултирал со непосредно влегување во војната.

Според него, ова значи дека следната година би можела да биде последната изборна година во Унгарија кога навистина може да одлучи за прашањето за војна и мир.

Користејќи го примерот со имиграцијата, Орбан привлече внимание на фактот дека постојат одлуки кои не можат да се корегираат подоцна.

„Доколку не ја изградивме оградата во 2015 година, мигрантите веќе ќе беа тука. Ако донесеме погрешна одлука во 2026 година, ќе биде предоцна да ја исправиме до следните избори во 2030 година. Играта нема да заврши добро. Кој сака мир, нека ни се придружи“, заклучи Орбан.
The post Страшно предупредување од Орбан: Брисел се подготвува за војна со Русија, ова е датумот appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: