четврток, 12 ноември 2026
Најново

Струмица казнета затоа што на канделабрите го има грбот: Костадинов со жесток одговор за Мицкоски – им пречи што општина Струмица без унгарски пари и дотации од централната власт просперира

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Продолжува политичката пресметка со Општина Струмица, но и со граѓаните на нашиот град од страна на централната власт предводена од Христијан Мицкоски. Замислете некому му пречи нашиот грб, грбот на Општина Струмица кој се наоѓа на канделабрите ширум градот.

Суштината е дека ним им пречи нашиот успех, им пречи што општина Струмица без унгарски пари и дотации од централната власт успешно реализира и спроведува проекти во интерес на граѓаните.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Денес добивме опомена од Управата за заштита на културното наследство дека доколку не го отстраниме грбот на општината од канделабрите ширум градот ќе треба да платиме парична казна.

Замислете на Управата и пречи грбот на Струмица на канделабрите додека истата дозволува историското и културното наследство на сите граѓани на Македонија да биде уништувано од урбаната мафија, дивите копачи и несовесни граѓани.

На Управата за заштита на културното наследство на кратко ќе им одговорам дека нема да дозволам никој да го отстранува грбот кој е симбол на општината. Грбот останува!

Воедно ќе ја искористам оваа прилика да им порачам да се фатат за работа, затоа што во Македонија каде и да копнеш ќе најдеш историја, крајно време е истата да ја заштитат, а не да се занимаваат со дневна политика и политичка пресметка со неистомислениците.

Фејсбук статус на градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов

Поврзани вести