четврток, 12 ноември 2026
Најново

Струмичкиот карневал ќе се одржи на 25 февруари

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

– Главната карневалска вечер на годинашното издание на Интернационалниот струмички карневал ќе се одржи на 25 февруари.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Организациониот одбор на карневалот го објави плакатот за карневалот, но засега не се соопштуваат повеќе детали освен дека главниот настан-дефилето на карневалските групи од земјава и странство ќе се случи на 25 идниот месец.

Традиционално карневалските празнувања во Струмица траат повеќе денови во кои се организираат најразлични настани, а вообичаено карневалот почнува со свечено предавање на клучот од градот од градоначалникот на карневалистите.

Инаку, датумот на одржување на Струмичкиот карневал секоја година е различен, бидејќи се поврзува со почетокот на големиот велигденски пост кој почнува секоја година на верскиот празник Прочка и трае 40 денови.

Годинава Прочка е на 26 февруари (недела), кога традиционално се одржува Детскиот карневал.