Архивата на јавни собири процени дека на денешниот протестен собир „15 за 15“ присуствувале од 275.000 до 325.000 луѓе, со можност бројката да биде уште поголема.
„Врз основа на теренско истражување и анализа на снимките од денешниот протест на 15.15, Архивот на јавни собири проценува дека на овој собир присуствувале од 275.000 до 325.000 луѓе, со можност бројката да биде уште поголема“, наведуваат на профилот Х.
— Arhiv javnih skupova (@javniskupovi) March 15, 2025
Оттаму додаваат дека поради исклучителната големина, динамичниот карактер и структурата на собирот, како и нејасната состојба во одредени делови од градот, особено во Нов Белград, не е можна попрецизна проценка.
Потсетуваме, студентскиот протест насловен „15. за 15“ организирана денеска во центарот на Белград. Се чинеше како цела Србија да се собрала во главниот град и да нема каде да падне иглата, додека демонстрантите го исполнија секое последно место на централните улици на главниот град.
Пронајдете не на следниве мрежи:Српското МВР демантира: Не употребивме „звучен топ“, полицијата не користи недозволени средства
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.