четврток, 12 ноември 2026
Најново

Временска прогноза: Студени утра, високи дневни температури

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Поголема облачност ќе има во источните делови и ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 3 до 9, а дневната од 21 до 28 степени.
И во Скопје слично време, сончево со мала облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе се движи од 6 до 25 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на сончево време со мала до умерена локална облачност. Утрата ќе бидат студени, а дневните температури ќе бидат без позначителни промени и ќе се задржат  над просекот за овој период од годината.

Поврзани вести