Студентите продолжуваат да го блокираат РТС, јавниот сервис ја менува програмската шема

Групите на  студенти се уште ги блокираат објектите на Радио телевизија на Србија (РТС) во Таковска улица  и студиото во Кошутњак, а јавниот сервис објави дека го менува програмскиот распоред поради тешките работни околности. Блокирани се сите три влеза на РТС , како и приодите кон зградата на РТС во Кошутњак.

Во моментов има помалку студенти кои ја блокираат зградата на РТС на улицата Таковска од утринава, а се слуша голема од  свирежи, вувузели и скандирања.

Студентите   утринава поставија блокади со контејнери и метални огради и ја блокираа крстосницата на  дел од  улиците , поради што  сообраќајот, беше отежнат и на моменти во прекин.

Тие во еден момент се повлекле во просторот пред РТС, па на улицата Таковска е обновен сообраќајот, но подоцна повторно ја блокирале таа улица.

РТС утринава соопшти дека по апел на јавниот сервис, студентите во блокадата и граѓаните кои ги блокирале објектите на јавниот сервис дозволиле неколку лица од обезбедувањето на РТС да влезат во зградите, што овозможило замена на дел од работниците кои ги обезбедувале објектите и безбедносните системи.

Студентите од 14 април во 22 часот ја блокираа зградата на јавниот сервис и изјавија дека блокадата ќе трае „до објавување на нов конкурс за членови на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) или додека не се исклучи РТС.

Пронајдете не на следниве мрежи: