четврток, 12 ноември 2026
Најново

Студен бран и снег ги погодија централните и северните делови на Грција, има жртви

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Централните и северните делови на Грција ги погоди студен бран проследен со снежни врнежи, а полицијата соопшти дека една жена е пронајдена мртва, додека двајца мажи се водат како исчезнати.
Температурите во тие делови на Грција речиси цела недела се под нулата, а снегот го поремети патниот и авионскиот сообраќај.
Тело на 66-годишна жена било пронајдено во превртено возило во Кератеа, област на 45 километри југоисточно од Атина.


Двајцата мажи од возилото, кое било пронајдено во близина на поток, се водат како исчезнати.
– Сопругот на жената и уште еден маж, кои биле во истото возило, се водат како исчезнати од четвртокот кога областа ја погоди лошо време, изјави неименуван полициски извор.
Грчката служба за цивилна заштита ги повика локалните власти да бидат подготвени затоа што се очекува утре Грција да ја погоди нов леден бран.

Поврзани вести