СТУДИЈА ВО 135 ЗЕМЈИ: Бактериите се втора причина за смрт во светот!

Бактериските инфекции се втора водечка причина за смрт во светот по срцевите заболувања, покажа големото истражување, чии резултати беа објавени во научното списание „Лансет“.

Студијата наведува дека Staphylococcus aureus и pneumococcus се двете најсмртоносните бактерии.

СТУДИЈА ВО 135 ЗЕМЈИ: Бактериите се втора причина за смрт во светот!

Во студијата биле избрани 30 бактерии, најчести причинители на инфекции, па научниците се обиделе да проценат колку смртни случаи се поврзани со нив.

Истражувањето е спроведено како дел од таканаречениот глобален товар на болести. Во него учествуваа неколку илјади научници од 135 земји.

Од 7,7 милиони смртни случаи поврзани со бактериски инфекции, еден од осум се припишува на последиците од инфекција со Staphylococcus aureus и пневмокок. Овие податоци датираат од 2019 година, пред пандемијата на коронавирус.

Истражувачите велат дека резултатите се јасен показател дека бактериските инфекции се „итен приоритет“ во јавното здравје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.