Стјуардеса советува што никогаш да не користите во авионите

Стјуардеса ги предупреди патниците никогаш да не користат одреден дел од седиштата во авионите.
Една стјуардеса откри на Reddit дека џебот на седиштата на комерцијалните авиони е место што е најдобро по секоја цена да се избегнува.

Кога ќе поминете низ гужвата на аеродромот и сте подготвени да се качите во авионот, примамливо е да ги оставите сите ваши работи што е можно побрзо. Сепак, таа советува двапати да размислите дали да ги ставите телефонот, книгите или грицките во џебот на седиштето што е пред вас.

„Ви препорачувам никогаш да не го користите или да ставате нешто во џебот на седиштето. Тие се чистат од ѓубре, но никогаш не се чисти. Многу луѓе обично оставаат валкани марамчиња, чорапи, гуми за џвакање, остатоци од јаболка, а потоа некој доаѓа на следниот лет и го става својот телефон, лаптоп или iPad таму“, наведе таа.
Ако сакате да бидете заштитени од бактерии во авионот, не ги оставајте вашите работи во џебот на седиштето. Исто така, таа спомна уште една работа што не треба да ја допирате во авионот. Имено, тоалетот важи за едно од највалканите места во авионот, а таа советуваше да не го допирате копчето за испирање. За да го употребите допрете го со хартија или марамче.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.