Судот на ЕУ пресуди: Гугл мора да ги избрише резултатите од пребарувањето ако информациите не се точни

Судот изјави дека луѓето имаат право да бараат од ,,Гугл” и другите пребарувачи да ги избришат линковите дури и ако се вистинити, според принципот познат како „право да се заборави“.

Врховниот суд на ЕУ рече дека ,,Гугл” мора да ги избрише резултатите од пребарувањето за луѓето во Европа доколку може да се докаже дека информациите за нив се погрешни.

Европскиот суд на правдата пресуди дека интернет пребарувачите мора да ги избришат линковите и сè она што пребаруваат луѓето, доколку лицето што го поднесува барањето може да докаже дека материјалот со сигурност не е точен.

Ова им дава на луѓето право да контролираат што се појавува кога нивното име се пребарува на интернет.

Во последниот случај, двајца извршни директори на група инвестициски фирми, кои не се идентификувани, побараа од ,,Гугл” да ги отстрани резултатите од пребарувањето врз основа на нивните имиња кои се поврзани со написи кои го критикуваат инвестицискиот модел на групата. Менаџерите рекоа дека написите содржеле лажни тврдења.

,,Гугл” тогаш одби, бидејќи не знаеше дали написите се вистинити или не, се вели во резимето на судската пресуда. Судот не се согласи, наведувајќи дека доколку некој достави релевантни и доволни докази кои докажуваат дека информацијата е јасно неточна, пребарувачот мора да го исполни барањето.

,,Гугл” соопшти дека ја поздравува одлуката.


Пронајдете не на следниве мрежи: