четврток, 12 ноември 2026
Најново

Суд во САД му дозволи на Трамп да го ограничи пристапот на новинарите на АП во Белата куќа

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Апелациски суд на САД му дозволи на претседателот Доналд Трамп да го ограничи пристапот на новинари на Асошиејтед Прес на некои настани во Белата куќа.

Во февруари, Белата куќа им забрани на новинарите на АП да присуствуваат на настани во Овалната соба и да бидат во авионот „Ер Форс Уан“ поради уредувачката политика на новинската агенција, поточно спорот околу името на Мексиканскиот Залив, кој Трамп го преименува во Мексикански Залив. АП тужеше тројца високи помошници на Трамп, тврдејќи дека ограничувањата ја кршат гаранцијата за слобода на говорот на Уставот на САД.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

На 8 април, окружниот судија на САД Тревор Мекфаден ја поништи наредбата на Белата куќа.

Апелациски суд на округот Колумбија привремено ја блокираше синоќа наредбата на судијата Мекфаден со која се бараше од администрацијата на Трамп да им дозволи на новинарите на АП пристап до прес-конференциите во Овалната соба, „Ер Форс Уан“ и Белата куќа додека тужбата на новинската агенција е во тек. Апелацискиот суд во своето образложение напиша дека наредбата на понискиот суд „ја нарушува независноста и контролата на претседателот врз неговиот личен работен простор“. АП издаде соопштение во кое изразува разочарување од одлуката на судот и наведува дека ќе разгледа какви мерки ќе преземат.

Поврзани вести