Супите најмногу ги сакаме во студените месеци, нели? Затоа денес споделуваме еден едноставен рецепт за супа од компир во која ќе ужива целото семејство!
Рецепт: Супа од компир за студените месеци
Потребни состојки:
1 лажица маслиново масло
2 парчиња сланина
65 г сечкан кромид
2 големи чешниња лук (мелени)
3 големи компири
950 милилитри пилешки или зеленчуков буљон
65 г павлака
65 г рендан Чедар кашкавал или по избор
1/4 лажичка свежо мелен пипер или по вкус
сол по вкус
зачини по вкус и избор
Начин на подготовка:
На средна топлина во средно тенџере ставете го маслото и сланината околу 4-5 минути. Отстранете и ставете ја врз чинија со хартија за да се исцеди.
Пржете го кромидот околу 3 минути. Додадете ги компирите и буљонот и оставете да зоврие и додека компирот не омекне, околу 15 минути.
Префрлете околу половина компир во сад и мешајте го додека не се изедначи. Вратете ги компирите во тенџерето заедно со павлаката и 30 г од кашкавалот.
Мешајте додека не се стопи кашкавалот и не се загрее супата, околу 2 минути. Вкусете и додадете зачини по избор.
Супа ставете ја во чинии, украсете ја со сланината, преостанатиот кашкавал и додатоци по избор.