Супа од сладок компир и црвена леќа

Лесна и хранлива, оваа супа од сладок компир и црвена леќа изобилува со одличен вкус и совршена е за загревање на студен зимски ден. Исто така, овоj рецепт е вегански, без глутен и млечни производи.
Супа од сладок компир и црвена леќа
Потребни состојки:
2 лажици маслиново масло
1 сечкан кромид
1 среден сладок компир исечен на коцки од 1 см
3 средни моркови исечени на коцки од 1 см
2 мали пашканати исечени на коцки од 1 см
2 пиперчиња исечени на парчиња за грицкање
2 чешниња лук мелени или рендани
3 см реднан ѓумбир
1 лажичка сушено чили
200 гр црвена леќа
2 л топол зеленчуков булјон или топла вода
сол и бибер по вкус


Начин на подготовка:
Ставете ги маслиново масло и кромидот во големо, широко тенџере. Пржете го кромидот на тивок оган 5 минути, додека не омекне. Повремено мешајте.
Завртете ја топлината на средно и додајте го сладкиот компир, морковите, пашканатот и пиперките и пржете уште 3 минути, често мешајќи. Додајте ги ѓумбирот, лукот и чилито и пржете уште 2 минути.
Додајте ги леќата, булјонот или водата и малку сол или по вкус.
Оставете да зоврие, а потоа намалете го огнот. Гответе 20 минути или додека не омекне целиот зеленчук. Повремено мешајте за да спречите лепење.
Измешајте ја супата додека да ја добиете вашата посакувана текстура и додајте малку врела вода ако е премногу густа.
Послужете со леб. Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.