Супербабата е вистинска сензација на Инстаграм: Со извајани мускули во седмата деценија, таа ги руши предрасудите 

Супербабата Ганс е многу активна на социјалните мрежи каде што покажува колку напорно вежба, а нејзиниот изглед ги воодушевува луѓето ширум светот.

Баба Ганс (68), која многумина на социјалните мрежи ја нарекуваат супербаба, стана вирална кога почна да објавува видеа од своите тренинзи и докажува дека никогаш не е доцна ако сакате да направите нешто за себе.

Како што самата вели, станала зависна од вежбање , а видеата на кои крева тегови привлекуваат многу реакции секој ден.

„Зависна сум од тоа, почнувам да тренирам секое утро, со насмевка, но тоа не беше секогаш случај. Живеам на фарма и еден ден сфатив дека немам енергија, а имав 58 години. Помислив што не е во ред. Почнав да правам лесни вежби дома“, рече Грејни, пренесува People.

View this post on Instagram A post shared by Granny Guns (@granny__guns)

Нејзиниот син подоцна ѝ покажал фотографии од постара жена во одлична форма, и тоа ја натерало да размисли.

View this post on Instagram A post shared by Granny Guns (@granny__guns)

„Помислив дека ако таа може да го прави тоа, зошто да не можам и јас. Почнав сериозно да се занимавам со бодибилдинг и донесов дома седум трофеи“, се присети таа.

View this post on Instagram A post shared by Granny Guns (@granny__guns)

Денес, повеќе од два милиони луѓе ја следат на социјалните мрежи , а последното видео беше неверојатно. Во него, оваа супер баба е снимена во теретана за време на тренинг, крева тегови и изгледа импресивно во својата седма деценија.

Погледот кон нејзините мускули не може да ве остави рамнодушни, па затоа единственото нешто што можете да ѝ го оставите во коментарите е „среќно“ .
The post Супербабата е вистинска сензација на Инстаграм: Со извајани мускули во седмата деценија, таа ги руши предрасудите  appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: