Состојки:
4 јајца
половина главица кромид
половина праз
100 гр свежи печурки
сол
бибер
3 лажици маслиново масло
Подготовка:
Прво исечкајте ги кромидот и празот, а потоа загрејте ја тавата. Потоа додадете го маслото и време е да се пржат кромидот и празот. Потоа додадете половина чаша вода за да се промешат состојките.
Време е да додадете ситно сечкани шампињони. Потребни се неколку минути да се динстаат за да се ослободи водата.
После тоа, скршете ги јајцата и треба постојано да мешате за убаво да се испржат јајцата.
Конечно, време е да ги послужите јајцата со интегрален леб.
Пријатно!