Направете го сутлијашот несекојдневен и вкусен. Овој рецепт е само за возрасни бидејќи тајната состојка е рум.
Потребни состојки за 4-6 порции:
1250 мл млеко
120 грама ориз
едно стапче ванила
100 грама шеќер
2 лажички рум
1 лажичка рендана кора од портокал
парчиња портокал
Начин на подготовка:
Во сад на оган ставете ги млекото, оризот и ванилата и оставете ги додека млекото не почне да врие. Потоа намалете ја температурата на среден оган и гответе околу 25 минути додека омекне оризот.
Додајте ги шеќерот, румот и кората од портокал и гответе така уште 5-10 минути додека смесата убаво не се згусне.
Поделете го сутлијашот во чинии и оставете ги во фрижидер неколку часа за да се изладат.
Сервирајте ги со парчиња портокал.