75-годишна скопјанка наседнала на една од најстарите измами кои се користат кај нас – онаа со лажен телефонски повик за наводна сообраќајна несреќа во која учествувал близок член на семејството на измамениот, велат од МВР.
„На 28.01.2025 во 17.30 часот во СВР Скопје, 75-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 3.200 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати. Како што е пријавено, таа ги подигнала парите од банка и ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзиниот зет, сфатила дека била измамена“, пишува во полициското соопштение.
Од полицијата додаваат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.