Таа има 25 имиња, нема шанси да запомните како се вика

Десетгодишната Вилоу Саливан од Англија има дури 25 имиња… и тоа туѓи.
Станува збор за тоа што таа потекнува од семејство во коешто постои традиција меѓу имињата и презимињата, како средно име, да се додаваат имиња на познати боксери уште од 1974 година.
Мајката на девојчето, Марија Браун (44) објаснува дека се започнало уште во далечната 1974 година кога нејзините нејзините родители Брајан и Сју нејзе и дале имиња на легенди од светот на боксот, сакајќи на тој начин да им оддадат еден вид чест на овие спортисти.

Дедото на Вилоу Брајан Браун, бил исклучително голем љубител на боксот, а бил познат по тоа што би го поминал и половина свет само да за изгледа бокс меч.
Неколку децении подоцна, едно десетгодишно девојче Вилоу Саливан Корбрт во своите лични документи има список на познати боксери, и тоа оние кои настапувале во своите категории многу пред и да биде родена.
Верувале или не, сите 25 имиња се уредно запишани во пасошот на девојчето, а нејзиното целосно име гласи: Вилоу Саливан Корбет Фицсимонс Џеферис Харт Брнд Џонсон Вилард Демси Тани Шмелинг Шарки Карнера Бер Бредок Луис Чарлс Волкор Марсино Патерсон Џонсон Листон Клеј Фрејзер Форман Тејлор Браун.


Нејзината мајка Марија раскажала за порталот Ладбајбл дека нејзиното дете, всушност и не си го знае своето целосно име.
-Вилоу знае само неколку од своите средни имиња. Ни самата не можев да ги запомнам додека не пораснав малку. Мојот татко следеше бокс и токму тоа е причината поради која и јас ги носам имињата на дваесет и пет легенди од светот на боксот. Традицијата не запира овде, а мојата втора ќерка Отом исто така ги има сите тие имиња, раскажала мајката на ова навистина необично девојче.
-Драго ми е што сум посебна поради имињата што ги носам, луѓето генерално сметаат дека станува збор за шега, меѓутоа кога ќе ги повторам сфаќаат дека сум сериозна. Секој од нас треба да има свој момент на слава, а таа е навистина необична појава, вели мајката Марија

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.