Таа има 81 година и тврди дека никогаш не направила естетски корекции: Марта Стјуарт ја открива тајната на младата кожа – овие 6 навики ги практикува со децении

Годините се само бројка, особено денес кога постојат толку многу можности и начини за нега на кожа.

За тоа сведочат бројни познати жени, а помеѓу нив е и познатата готвачка Марта Стјуарт, која ги открива своите тајни за нега на лицето.

Марта има 81 година, а неодамна се пофалила со фотографии од својата блескава и мазна кожа.
„Ова се другите 3 селфија кои ги направив. Мојот израз на лицето е најдобар на првата, но кожата изгледа блескаво на сите 3 фотографии. Без филтери. Без лифтинг на лицето“, напишала Стјуарт под фотографиите на Инстаграм.

Таа инсистира на тоа дека стареењето не значи дека мораме да водиме попасивен начин на живот, напротив – треба да бидеме активни и да ја одржуваме фигурата.
„Одам на пилатес неколку пати неделно, не сакам да започнам да живеам лошо само затоа што стареам“, порачува Марта.

Освен што со децении се храни здраво и е физички активна, Стјуарт следи и 6 едноставни, но делотворни правила со цел да го зачува младешкиот изглед:

  1. Никогаш не оди на спиење без да ја исчисти целата шминка од лицето.
  2. Лицето го чисти со бебешко масло, особено по снимањата кога носи тешка шминка.
  3. Секој ден консумира зелен сок кој сама го подготвува и смета дека во него се крие тајната за здрава кожа и коса.
  4. Се штити од сонце и инсистира на носење крема со заштитен фактор секој ден.
  5. Третманите за лице ги сведува на минимум. Никогаш не направила хемиски пилинг ниту естетска корекција.
  6. Секое утро нанесува маска за лице. Се буди околу 5 часот наутро и ја држи маската околу 1 час на кожата.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.