Таа му роди 8 деца на човекот кој можеше да ѝ биде татко: Чарли Чаплин го нарекоа педофил поради овој бизарен брак, а родителите се одрекоа од Уна (фото)

Кога ги бирал своите жени, Чарли Чаплин следел чудно и бизарно правило, сите биле двојно помлади од него, а некои ги освоил уште додека биле малолетни. Милдред Харис и Лита Греј имаа само 16 години, а Полет Џулиет Годар имаше 19 години кога се венчаа со него. Сепак, Уна О’Нил остави најголема трага во неговиот живот а нивната љубовна приказна ја згрози јавноста, особено нејзините родители.

Чарли Чаплин имаше 53 години кога ја запозна Уна О’Нил, а таа имаше само 16 години. Пред да ја запознае, се здоби со репутација на неодолив женкар и успеа да се ожени три пати. Ништо од тоа не му се допаднало на нејзиниот татко, па поради контроверзната врска и’ поставил ултиматум: семејство или Чарли Чаплин. Таа го избрала второто и на тој избор му останала верна до својата смрт.

Еминентниот писател Јуџин О’Нил и писателката Агнес Болтон го сакаа само најдоброто за својата ќерка. Таа беше предодредена да се дружи со њујоршката елита.

Но, Уна не беше „само“ ќерка од угледно семејство, таа беше, како што велат биографските податоци, девојката што сите ја посакуваа. Беше повлечена, но необично убава што „ тешко беше да се тргне погледот од неа “. Орсон Велс и шест години постариот Џеј Ди Селинџер успеаја да го привлечат нејзиното внимание пред Чаплин. Но, не успеаја да го задржат до крај. Уна беше најубава актерка во Холивуд а тука го запозна својот иден сопруг.

Како да не беа доволни скандалозните бракови кои траеја само неколку години, неколку месеци пред да ја запознае Уна, Чарли Чаплин имаше правен спор со старлетата Џоан Бери, која го тужеше дека е татко на нејзината ќерка (Џоан наводно страдала од ментално растројство). Легендарниот комичар беше ослободен, но обвинувањата никогаш не беа разрешени.

Најголемите скандали

Важен дел од љубовната сложувалка на Уна и Чаплин претставуваат скандалите што ги следеа од почетокот на нивното запознавање. Американската јавност беше згрозена на нивната венчавка поради единствениот факт дека Уна имала само 18 години кога се омажила за 36 години постариот Чаплин.

Ретко кој можеше да ја разбере нивната љубов. Уна не се грижеше за коментарите на јавноста – барем не ја одвратија од одлуката да се омажи за Чаплин, но тешко ја поднесуваше осудата на нејзиниот татко. Таа потајно се надеваше дека тој ќе се премисли на време, но Јуџин беше немилосрден. Кога се омажила за актерот на 16 јуни 1943 година, нејзиниот татко се одрекол од неа. Тој ја отфрлил од наследство и никогаш не разговарал со неа до крајот на својот живот.

Безуспешно, Уна му испраќала писмо еднаш неделно. Тој не и’ одговоарал ниту ги отварал писмата. Ги чувал во фиока таму ги нашле кога починал, наредени и неотворени.

Имаа осум деца

Чарли Чаплин имал 11 деца во четири брака, па не само што бил рекордер по бројот на најмлади партнери, туку имал и рекорден број наследници. Во бракот со Уна, тој имал пет ќерки (Џералдин, Џозефина, Џејн, Викторија и Анет Емили) и три сина (Кристифор, Јуџин и Мајкл). Да, Уна и Чарли мубдадоа име на синот по нејзиниот татко.

Чарли Чаплин почина на Божиќ 1977 година, од рак на панкреасот. Уна живеела уште 14 години по неговата смрт, таа починала во 1991 година на 66-годишна возраст. Годините без сопругот ги поминала на релација Швајцарија – Њујорк во осаменост. Не можела да се справи со тагата за Чарли, па се свртела кон алкохолизмот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.