Некогаш позираше за насловните страници, живееше во луксуз и беше дел од холивудскиот џет-сет, но денес преживува пребарувајќи низ контејнери и спиејќи на улиците. Падот на поранешната актерка и модел не беше ниту тивок ниту брз – следеа ментален слом, обвинувања за насилство, развод и целосно повлекување од јавноста. Нејзината судбина е суров потсетник за тоа како животот може да се промени во еден миг.
Поранешната американска актерка и модел Лони Вилсон (42) живееше гламурозен живот. Својата кариера ја започна како фитнес модел, позирајќи во специјализирани списанија и рекламни кампањи. Повремено се појавуваше во телевизиски проекти, а на пошироката јавност ѝ стана позната поради бракот со актерот Џереми Џексон, кој гледачите го паметат по улогата во серијата „Чувари на плажата“. Некогаш прекрасната русокоса сега живее како бездомник , вади храна од контејнери за да преживее и изгледа непрепознатливо, а нејзината тешка судбина ги потресува многумина.
Лони и Џереми се венчаа во 2012 година, но нивниот брак траеше само две години. По разводот, фаталната актерка доживеа низа лични проблеми. Според нејзините искази, сè започнало по ментален слом и семејно насилство, поради што го напуштила домот и постепено изгубила стабилен извор на приход. Наводно, таа била подложена на физичко насилство – нејзиниот сопруг ѝ скршил две ребра, но таа не сакала да го пријави, за да го спаси од затворање. Следеле проблеми со менталното здравје, а потоа и зависност од дрога, и иако многумина сакале да ѝ помогнат, таа одбила. Се повлекла од јавноста, останала без пари и покрив над главата и завршила на улица.
Во последниве години, фоторепортерите често ја снимале додека пребарувала контејнери за храна и облека, но и додека туркала количка со работи што ги вади од контејнерите.
„Губењето на неа беше како некој да умира. Се обидов да ја вратам, но не можев. Жената во која бев заљубена ја нема, и каква и да е менталната состојба во која се наоѓа сега, таа не е онаа што ја знаев“, изјави нејзиниот поранешен сопруг за Дејли Меил.
The post Таа некогаш беше СОН НА СЕКОЈ МАЖ, а денес вади храна од контејнер за да преживее и СПИЕ НА УЛИЦА: Фаталната актерка е тешко да се препознае appeared first on Во Центар.



