Состојки
0,5 кг мелено месо
1 кромид
1 морков
1 чаша ориз
1 чаша доматен сос
3,5-4 чаши вода
1 лажица мешан сув зачин
на вкус оригано, пимент, куркума
1 лажиче црвен пипер
грст магдонос
2-3 ловоров лист
За одозгора по желба
неколку пиперки
неколку јајца
Ситно се сечка кромидот, а морковот се ренда, па заедно со месото зе запржуваат во тавата во која ќе се печат. Откако ќе запржат, им се додава да запржи и оризот, па се додава црвениот пипер.
Се прелива со доматниот сос и водата, па откако ќе се измеша се додаваат зачините и магдоносот. На крај и ловоровите ливчиња.
Се става во загреана рерна на 200С да се печи 15-20 минути, па се вади и одозгора му се ставаат пиперките и неколку јајца цели кршени.
Се враќа во рерна да се допечи.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.