Тава со кременадли

4 свински кременадли
400 г парчиња свежи шампињони
250 г рендан кашкавал
200 мл хопла
150 г лебни трошки
40 г рендан Пармезан
3 јајца
3 чешниња лук
1 лажичка сува жалфија
1 лажичка сув босилек
масло, сол и мелен црн пипер
Кременадлите посолете ги, наросете ги со црн пипер и истолчете ги. Потоа свалкајте ги во хоплата, изматените јајца и лебни трошки. Испржете ги и ставете ги во тава за печење.
На преостаната мрснотија испржете ги исечканиот лук и шампињоните. Посолете, наросете црн пипер, и додадете ги жалфијата и босилекот. Промешајте и нанесете на кременадлите.
Измешајте ги преостанатите матени јајца и хопла, и зачинете. Додадете ги кашкавалот и Пармезанот, и промешајте ја смесата. Нанесете ја на шампињоните и печете 20 минути на 200 степени.

 

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.