Состојки
200 гр риба
2 црвени пиперки
1 голем патлиџан
2 главици кромид
5 чешниња лук
зачини сол, бибер, сецкан магдонос
Рибата исечете ја на парчиња и испржете ја.
Во тава за пржење ставете, кромид ситни сечен, пропржете го да омекне, додајте црвена пиперка сечена на средни коцки, попржете, додајте патлиџан и лук. Оставете да се попржи околу 10 минути на тивко.
Зеленчукот префрлете го во тава за печење, наредете риба, додајте сол, црн пипер, зачини,одозгора ставете ситно сечен магдонос.
Печете 15 минути на температурата 200 степени.
Добар апетит!