четврток, 12 ноември 2026
Најново

Тажна вест: Почина легендарниот актер Мустафа Надаревиќ познат како Изет Фазлиновиќ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

После тешка и долга борба со тешка болест на 77 години почина легендарниот босански актер и комичар Мустафа Надаревиќ, а најпознат како Изет Фазлиновиќ од култната серија „Луд, збунет, нормален“, јавуваат регионалните медиуми.
Веста за неговата смрт ја потврди актерот Моамер Касумовиќ за порталот радиосарајево.ба.
На легендарниот актер му беше дијагностициран рак на белите дробови, а неодамна беше отпуштен од болница и престојуваше во својот дом во Загреб, а поради новонастанатата ситуација со коронавирусот тој воопшто не излегувал од својот стан.
Македонската јавност на него најмногу се сеќава по неговата легендарна улога во култната серија „Луд, збунет, нормален“, како Изет Фазлиновиќ.

Поврзани вести