Основачот на Телеграм, Павел Дуров е приведен вечерва на аеродромот Бурж во предградието на Париз, јавува францускиот канал TF1.
Дуров бил уапсен откако со приватен авион слетал на аеродромот од Азербејџан.
Француските правосудни органи сметаат дека поради недоволната соработка со истражните органи и алатките кои ги нуди платформата Телеграм, Дуров е одговорен за повеќе кривични дела.
Ова го коментира и Такер Карлсон кој на социјалната мрежа „Х“ напиша:
– Павел Дуров ја напушти Русија кога владата се обиде да ја контролира неговата компанија за социјални медиуми, Телеграм. Но, на крајот, Путин не го уапси затоа што ѝ дозволи на јавноста да практикува слободен говор. Тоа беше западна земја, сојузник на администрацијата на Бајден и ентузијастичка членка на НАТО, која го затвори. Павел Дуров вечерва седи во француски затвор, живо предупредување за секој сопственик на платформа кој одбива да ја цензурира вистината по налог на владите и разузнавачките агенции. Темнината брзо се спушта на поранешниот слободен свет. – вели Карлсон.