Такоси од цвекло, сирен намаз и тостиран сусам

Состојки
1 средна главица свежо цвекло
Вода и сол за варење
Полнење
2 лажици младо сирење
150 гр крем сир
сол, бибер, неколку ситно сецкани листови свеж спанаќ, магдонос
тостиран сусам

1. Прво излупеното цвекло, со помош на алатка го сечеме на многу танки листови. Го ставаме во тенџере, додаваме сол и го вариме. Не смее да биде преварено. Го процедуваме и го оставаме да се исуши.
2. Во еден сад ги соединуваме младото сирење, крем сирот, сол, бибер, сецкан спанаќ и сецкан магдонос. Го земаме првото парче цвекло, ставаме едно лажиче фил на половина површина, поклопуваме. Краевите на такосот, ги облепуваме со тостиран сусам.
Остаавме во фрижидер да стојат 30 минути, па сервираме.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.