Таксист нападнал патник за пари во Ѓорче Петров

МВР информира дека возач на такси возило во раните утрински часови во Ѓорче Петров нападнал патник што го превезувал.

Според полицискиот билтен, таксистот му одзел пари на 25-годишниот П.Ѓ. кој го пријавил случајот во 3.00 часот изутрина.

Настанот се случил на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, соопшти полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.